22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН.

(ВИДЕО) ДОКУМЕНТАРЕЦ НА БИРН ГО ОТКРИВА ВЛИЈАНИЕТО НА РУСКИТЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ

Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН) на 10 мај 2024 година објави документарен филм, во кој открива како публиката во земјите од Западен Балкан станала ранлива на дезинформации од каналите поддржани од Русија, особено од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Како што известува Балкан инсајт, 63-минутниот документарен филм „Путин повикува: Дезинформациите на Русија течат непроверено низ Балканот“ покажува како рускиот лидер Владимир Путин и неговата пропаганда против НАТО и Европската унија најдоа плодна почва меѓу балканската публика и како моќните политичари, бизниси, влијателни медиуми и групи на поддржувачи на Путин изградиле свои упоришта во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Документарецот, преку новинарски истражувања и сеопфатни интервјуа со разновидна група од 20 експерти, претставници на институциите и медиумски чинители, го нагласува предизвикот на дезинформациите во Западен Балкан кои потекнуваат од извори поддржани од Кремљ, осврнувајќи се на нивните дезинформациски кампањи.

Извор: Smk.mk