Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен: За ЕУ неопходно е почитување на обврзувачките договори, меѓу кои и преспанскиот

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.

„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Фон Дер Лаејн.

Нејзината објава се случува откако претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК