Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жена се лизнала и паднала покрај земјен пат кај Неготино, па не можела да се помести – спасувачите ја пренеле во болница

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.

-Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации

C +

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура

C +

Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека по 40 минути

C +
error: Соддржината е заштитена.