13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Постои договор со Ахмети уставните измени да бидат прва точка, без разлика која партија ќе влезе во Владата

„Би поддржале пред создавање на новата влада да се изгласаат уставните измени. Преговарав пред избори и со Ахмети и со Влен. Имаме договор дека сме подготвени, било кој да влезе, прва точка да биде европскиот пат, односно уставните измени“ рече Арбен Таравари во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека договорот го постигнал тој со Ахмети, а не коалицијата Влен при разговорите уште во јануари.

Таравари додаде дека во разговорите за влада во ВМРО-ДПМНЕ, покрај уставните измени, коалицијата Влен ќе бара и „20 отсто“ од Уставот да се замени со „албански јазик“.

Дополнително, тој изјави дека е и за пишување на целосно нов Устав, за кој ќе се разговара по формирањето на владата.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +