24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Европскиот фронт го открива договорот што го потпишале сите партиски лидери – еве што пишува во него!

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ДЕНЕШНОТО СООПШТЕНИЕ НА ДУИ:

Европскиот фронт го открива договорот што го потпишале сите партиски лидери

Заедничка политичка декларација

Почетокот на преговорите со Европската Униа (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја.

Имајќи ja предвид актуелната политичка криза во Северна Македонија ние долупотпишаните се придружуваме со обединет глас да одговориме на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.

Актуелната криза, тесно поврзана со предложените уставни измени, бара итно внимание и конструктивни напори за заштита на демократските принципи и благосостобата на граѓаните на Северна Македонија.

Предложените уставни измени создадоа ситуација која бара внимателно разгледуванье, отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање трајно и сеопфатно решение.

Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија.

За овие цели ние како политички партии изјавуваме:

Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред)

Арбен Таравари

Африм Гаши

Али Ахмети

Билал Касами

Изет Меџити