23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следува драстична промена на времето, влажен бран над Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и услови за ретки грмежи. Потоа во следните три дена под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава во попладневните часови ќе има пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Прогноза за 08.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Прогноза за 09.05.2024
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно, попладне нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, особено во североисточните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Прогноза за 10.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно и нестабилно, претежно во јужните делови од земјата со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.