Облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнуваат од 7 до 18 степени.
Во западните делови се прикажани температури од 4 до 7 степени во постудените подрачја, додека во други делови од западна и југозападна Македонија се очекуваат вредности до 13 степени.
Бонус видео:
Во централните делови температурите ќе достигнуваат околу 14 до 15 степени, а на истокот највисоките дневни вредности ќе се искачат до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.


