Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со гласањето против се создава илузија дека некој се казнува, но има опасност од долгорочни последици за Македонија

„Со гласањето ПРОТИВ одредена партија се создава илузијата дека некој некого казнува. Но гласањето ПРОТИВ е со краткорочен ефект, кој со себе носи опасност од долгорочни последици за иднината Македонија. Затоа, Македонија конечно треба да гласа ЗА“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковчаевски на митингот во Неготино.

Тој упати апел до сите граѓани што ѝ мислат добро на државата, на 8 мај да гласаат за европската иднина во Македонија и за Македонија како рамноправна членка на ЕУ.

„Ве повикувам, на 8-ми мај да излеземе, да гласаме и да ја дадеме нашата поддршка за европската иднина, иднината на нашите идни генерации! Имаме должност и обврска да обезбедиме европска иднина за нашите деца“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека имаме морална обврска за нашите деца да им обезбедиме најдобри можни услови за живот и да им обезбедиме среќата да ја бараат дома, во европска Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК