28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Ние имаме одговорност за иднината на татковината, да не дозволиме младите да бидат жртва на политичари кои сакаат да не вратат 30 години назад

„Првиот збор е што сакам да го кажам вечерва е благодарам. Благодарам за подршката што ни ја давате овој период. Благодарам што вечерва сте тука со нас, и заедно ја делиме идејата за прогресивна, напредна, стабилна и просперитетна Македонија. Вечерва тука од Крушево ја испараќаме пораката до граѓаните на цела Македонија, до сите поддржувачи на идејата за единствена праведна реформска Македонија, земја членка на НАТО и земја која чекори на патот кон ЕУ, дека ние не се откажуваме!,порача Јован Митрески, носителот на ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ма граѓанскиот митинг во Крушево.

Тој посочи дека нема откажување од иднината затоа што мнозинството граѓани, сакаат да ја видат Македонија модерна, развиена, и пред се Македонија без поделби и меѓуетнички тензии.

„Граѓаните во првиот изборен круг ни пратија јасна порака. И ние таа порака ја примивме. Но, сега пак државата се наоѓа на крстопат. И сега не е лесно, но никогаш, не било лесно. Како земја никогаш лесно не сме поминале. Никогаш ништо лесно не сме добиле, ниедна битка лесно не сме ја добиле. Пред сите граѓани на оваа убава земја, е уште една одлука за нејзината иднина. Ние имаме одговорност за иднината на татковината. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари кои сакаат да не вратат 30 години назад. Да не дозволиме поделеноста по етничка основа, да биде наша тема, во следните години,“ рече Митрески.
Тој посочи дека тоа е долг кон предците но и кон идните генерации.