Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +