Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Ако сте станале милионери од плата, значи не сте заработиле лесно и не може да сте во судскиот систем или во политиката

„Не може од државна плата да станете милионери. Тоа е невозможно. Ако сте станале од државна плата милионери значи не сте заработиле чесно. Ако не сте заработиле чесно вашето место не е во правосудниот систем, обвинителството, ниту во политиката“ рече Бојан Маричиќ на митинг во Центар.

Тој додаде дека ветингот значи проверка на потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на секој функционер во политиката.

„Проверка на сите релации, лични, родбински и бизнис релации на нивните семејства. И отстранување од системот на оние луѓе на кои што ќе им се утврди конфликт на интерес и на кој што ќе им се утврди прекумерен имот кој што не можат да објаснат како го стекнале“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека овој пат нема да се отстапи од ветингот, без разлика на притисокот од ЕУ, бидејќи доколку пред седум години се направеше ветинг, сега друга држава ќе беше Македонија.

„Ве уверувам дека наредниот мандат тоа ќе ни биде еден од главните фокуси и никој више не може да не поколеба во тоа. Тој ветинг мора да го направиме и мора и во политиката, судството, обвинителството кадрите и луѓето да се делат на чесни и нечесни, на способни и неспособни, на искрени и лажни“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК