Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Одговорно ги негуваме книжевните вредности и авторскиот труд

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на книгата и авторското право, како ден кога ја славиме моќта на пишаниот збор, ги славиме книгите и творештвото на авторите.

„Наша одговорност и голема чест е да продолжиме да ги негуваме вистинските литературни вредности, да им ја откриваме радоста на читањето на помладите, да ги промовираме книгите пред поширока публика и да го заштитуваме авторскиот труд“, вели министерката за култура.

Таа додава дека продолжува поддршката на авторите кои со својата креативност и труд го обликуваат нашиот свет.

„И во ова време на дигитализација и брза размена на информации и содржини, книгата, како софистициран израз на човековата мисла, останува важен дел од нашата култура и секогаш ја има поддршката од Министерството за култура“, порачува Костадиновска-Стојчевска.

На Светскиот ден на книгата и авторското право, светот посебно внимание посветува и на заштитата на авторскиот труд и интелектуалната сопственост. Затоа, вели министерката за култура:„Продолжуваме кон целосно имплементирање на европски закони и стандарди за да ја унапредиме заштитата на авторското право, прашање од големо значење за културниот развој на општеството преку создавање нови вредни дела“.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +