23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Изборите ќе одлучат дали Македонија ќе биде активен играч или набљудувач, а можеби и пакосник на регионалната мапа

„Изборите се пред нас. Овие избори меѓу другото ќе влијаат, односно исходот од овие избори ќе влијае и врз тоа како ќе се позиционира Македонија на полето на регионалната соработка. Граѓаните ќе одлучат дали ќе издоминираат они кои се за тоа Македонија да биде активен играч или набљудувач, а можеби и пакосник на регионалната мапа“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ организирана од Цивил.

Тој додаде дека на изборите ќе се види дали ќе иницираме симнување на границите или ќе останеме на денешново статус кво или можеби дури и ќе креваме ѕидови.

„Или можеби други ќе ни креваат ѕидови додека ние се бавиме внатре самите со себе. Идната Влада, идниот претседател имаат што да прават на полето на регионалната соработка, патот им е јасно трасиран. Патот се вика План за раст. Исцртан е од ЕУ, во соработка со шесте држави од Западен Балкан“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека нема потреба од измислување на топла вода и дека тој План за раст значи 6 милијарди евра за регионот, условени со реформи, значи принцпит на морков, а не на стап.