16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Интеграцијата е услов за развој на економијата

„Интеграцијата е услов за развој на економијата. Затоа ние се обврзавме пред граѓаните и заедно за стабилна и развиена економија ќе градиме силна домашна економија со праведен даночен систем“ рече коносителката на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Сања Лукаревска на централниот митинг во Скопје.

Таа додаде дека преку дигитализација на процесите ќе се олесни пристапот на граѓаните до јавните услуги, но и ќе соберат повеќе средства во државниот буџет.

„Така ќе има пари за инвестиции во инфраструктурата, нови градинки и училишта и подобар живот за сите. Ќе продолжиме и понатаму за да имаме ефикасна, правична и спроведлива наплата на даноците, а тоа значи повеќе средства во државниот буџет за инвестиции, инфраструктурата, нови градинки, училишта, за живот за сите“ рече Лукаревска.