Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Срцето на здравствениот систем се нашите доктори, затоа имаме мерки за да ги задржиме во Македонија и да ги вратиме тие кои заминаа

„Срцето на здравствениот систем се нашите доктори! Затоа предвидуваме мерки со кои ќе ги задржиме во Македонија, а ќе ги стимулираме оние кои заминале да се вратат назад“ рече носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека платите на докторите специјалисти ќе бидат до 180.000 денари, на општите доктори до 120.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000 денари.

„Имаме визија за европско здравство во Македонија. Победа во изборната единица 4! Нема откажување од иднината“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК