Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ а не за мораториум

-На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за за мораториум, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ и Мицкоски зборуваат за единство, за мораториуми, но се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.

Како што го блокираше изминативе две години, Мицкоски е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски.

Членството во ЕУ е вистинскиот пат за промени, за државата да напредува и тоа е одлуката што граѓаните треба да ја донесат на овие избори.

Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски, кои нема да се откажат од европската иднина.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го погоди охридскиот регион

ДЕСК

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК