Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за враќање назад и оддалечување од ЕУ

-Гласот за ДПМНЕ и Силјановска на претстојните избори е глас за изолација и оддалечување од ЕУ, соопшти СДСМ.

„Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија со која е можно само враќање назад, во изолација и режим, далеку од ЕУ.

Силјановска нема програма, нема понуда, ниту план за иднината. Силјановска е реприза на Ѓорѓе Иванов, партиски послушник, продолжена рака на Белата палата.

Таа нема поддршка од граѓаните, што се потврди кога не успеа да собере доволно потписи за поднесување кандидатура за претседател.

Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.

Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.“- се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК