23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Да не излегуваме во јавноста со шпекулации, Обвинителството е на терен, истрагата сеуште се спроведува

„Обвинителството е на терен и ја спроведува истрагата за што е тоа што го предизвика овој страотен пожар во универзална сала. Додека тие не излезат со своите наоди, би сакала да не излегуваме во јавност со никакви шпекулации. Да ги сочекаме наодите на стручните лица. Тоа што се случи во Универзална сала за жал една девастирачка слика за сите. И за мене како министерка за култура и за вработените во министерството за култура кои поминавме еден процес на 2 годишно убедување со градската власт во Град Скопје за да ја препознаат важноста од тој објект да не седи отворен, да не биде оставен на забот времето, тој објект да не ги претрпува сите оние атмосферски промени што ги претрпи,“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање.

Таа се осврна на долгиот процес на негодување, на неодговарање и непостапување од страна на градските власти, и сега да се види она што сите го видоа. Таа додаде дека за причините за пожарот, остава да кажат министерството за внатрешни и обвинителството кои се втор ден на терен.

„Имавме информации дека од трудовиот инспекторат бараат некои документи од фирмата која е изведувач но едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека после завршувањето на овој процес градежните активности ќе продолжат и универзална сала ќе се изгради и универзална сала ќе биде вратена на скопјани,“ порача министерката.

Министерката посочи и дека, ако се воспостави дека има штета, осигурителната полиса ќе ја покрие и ќе продолжи градењето, откако ќе бидат добиени сите релевантни наоди дека може да се продолжи со градење.

„Така што, остануваме на рокот кој го зацртавме за универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија,“ порача Костадиновска Стојчевска.