Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Балкоски: Со влезот во ЕУ ќе ги зачуваме и прокламираме идентитетот и културата

„Не знаеме каде се движи ВМРО-ДПМНЕ во идеолошки рамки, дури дали се движи во идеолошки рамки на десничарските партии, па можам слободно да кажам и на левите идеологии затоа што не кажуваат јасно што и на каков начин сето тоа ќе го постигнат. Зачувување на идентитетот е во рамките на европските сојузи и европските рамки, ако сакаме поголемо зачувување на идентитетот и прокламирање на нашиот идентитет и нашата култура, тоа треба да го докажеме со влезот во ЕУ, и таму во рамките на европската култура, да учествуваме и ние и таму да го истакнеме нашиот идентитет и културно богатство“, изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, на интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека ако не се промовира идентитет на повисоко ниво, со текот на времето може да се изгуби.

„Не е начин, „ајде ќе го зачуваме идентитетот или културата ако сме затворени“… работата е ние таа култура да ја промовираме. Како ќе ја промовираме? Ќе ја промовираме во ЕУ, со европски стандарди, наши вредности“, потенцираше Балкоски.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата удри на повеќе локации низ Скопје – има приведени и малолетници

ДЕСК

Томовски ја демантира СДСМ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.