Наспроти пишувањата на некои медиуми дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски не присуствува на митинзите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, вчера на граѓанските собири во Аеродром и Кисела Вода присутен беше и Ковачевски.
Ковачевски за Пендаровски рече дека е кандидат на граѓаните а не нечија продолжена рака.
-Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! – рече Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром.
Тој додаде дека заедно со Пендаровски имаат план за европска иднина, и најави победа на 24 април.
-Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! – рече Ковачевски
Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите – истакна претседателот на СДСМ.