Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Слабите митинзи на ДПМНЕ се потврда, Силјановска нема поддршка-граѓаните се за членство во ЕУ

-Кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што се потврдува со слабите митинзи на ДПМНЕ во Скопје и Струга, на кои ниту членовите на опозицијата на доаѓаат во поголем број, соопшти СДСМ.

„Ова беше јасно и очекувано уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за кандидатурата на Силјановска.

Граѓаните знаат дека ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК