Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Го вративме достоинството на културните работници, ги зголемивме платите за 52 отсто

„Она што го промовиравме пред неколку дена во однос на изборната кампања е дека продолжуваме онаму не сакам да речам застанавме туку она што го предвидовме како мерки за граѓаните и оние предизборни ветувања кој што ги имавме во 2020 година кој што можам да кажам на наше големо задоволство ги остваривме уште и пред да влеземе во трка за нов мандат а тоа се повисоки плати, повисоки пензии, повисока минимална плата, повисока просечна плата“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за ТВ21

Таа додаде дека во секторот култура е вратено достоинството на културните работници и платите се зголемени за 52 отсто.

„Платите во сектор култура се загарантирани морам да кажам со еден од најдобрите колективни договори можеби во регионот и сакам да ги уверам сите по однос на сите реакции кој што доаѓаа на моменти тие реакции можеби беа оправдани кој што беа подгреани со некоја друга позадина дека ниту едни покачување во секторот култура што се случи ќе биде занемарено, ниту некое покачување ние во министерството ќе го избегнеме, туку се она што следува по поние одредби по кој што се пресметува платата ќе биде запазено, и тоа ќе биде направено согласно закон согласно колективните договори“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека ниту еден раководител на културна установа ниту еден ракоиводител на правен сектор ниту еден раководител за сметководсвено работење ниту во установите ниту во министерство за култура е донесен на свршен чин да треба да се плаши за она што го работи.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК