9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

За неполни четири години културните работници добиле покачување на платите за 52 проценти

Минатата година во јули беше постигнат договор меѓу владата и Сојузот на синдикатите со што добија поголеми плати за 10 проценти, договор за општиот колективен договор, нова Методологија за пресметка на плати врз основа на просечна платар како и регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор .

Со септемвриската плата, вработените во јавниот сектор, меѓу кои и културните работници добија покачување на платата од 10 проценти, а новата методологија за пресметка на платите во јавниот сектор ќе важи од март 2025 со коефициент од просечна бруто плата. Во овој период до 2025 година сите институции кои применуваат поединечни колективни договори, треба да ги уедначат со Општиот колективен договор и на тој начин да нема разлики во пресметките за плати.

Тоа важи и за културните работници кои во неколку наврати изразуваат незадоволство иако, досега според јавно достапните информации тие ги добиле сите предвидени законски покачувања.

Во октомври слично како и сега тие исто така обвинуваа дека нема да ги добијат потребните покачувања на платите, уште пред да биде направен пресметката, а сега исто така реагираат на непочитување на договорите од страна на Министерството за култура.

Претседателката на Синдикатот на културните работници Вера Атанасовска, тврди дека сега со мартовската плата културните работниците треба да добијат уште едно покачување на основицата за пресметка за плата иако признава дека во септември минатата година го добиле овој процент согласно договорот меѓу Владата и ССМ согласно општиот колективен договор.

-Културните работници во септември минатата година го добија правото од Општиот колективен договор, а овие акти престануваат да важат заклучно со февруари, затоа е потребно да се изготват нови решенија каде повторно основицата за плата треба да се зголеми за 10 проценти, дополнително од промената на основицата за пресметка на минималната плата која е променета од минатата година, додава таа.

Според Атанасовска во решението за пресметка за плати во преамбулата бил споменат членот 14 од Општиот колективен договор, но во диспозитивот не било споменато дополнителното покачување од 10 проценти со што директорите на установите не можеле да одлучат дали да ги прават пресметките бидејќи овој терк бил испратен во Вибер група.

Од Министерството за култура појаснуваат дека според Општиот колективен договор вработените во установите добиле покачување од 10% почнувајќи од месец септември 2023.

-Тоа покачување продолжува да важи, а од месец март нивните плати повторно се покачуваат со покачувањето на минималната плата.Во диспозитивот се утврдува висината на минималната плата која е променета во месец март согласно закон, а која претставува основа за пресметка на плата. Одредбите од Општиот колелтивен договор не се предмет на промена во месец март и затоа во Образложението е наведено дека бруто платата на секој поединечно се утврдува согласно диспозитивот (новата вредност на минималната плата) и одредбите од Општиот колективен договор, односно веќе стекнатото право почнувајќи од септемвриската плата во 2023 година, појаснуваат од Министерството.

Тие додаваат дека јасно стои во диспозитивот дека има промена само и исклучиво во висината на минималната плата, која претставува компонента од формулата за пресметка на основната бруто плата согласно Колективниот договор во културата.

-Не е точно дека има некаков трик, напротив без носење на Решение од страна на раководното лице нема да може да се примени зголемувањето на минималната плата во пресметката на платите. Сите претходно стекнати права, што е јасно дефинирано во образложението продолжуваат да се применуваат, а основните бруто плати повторно се зголемуваат, овојпат поради зголемувањето на минималната плата во државата, велат од Министерството за Градска.мк.

Оттаму додаваат дека решението за пресметка за плати не било пратено само во вибер група туку и од официјален меил.

Актот, решението за плата на вработените во културните национални установи се изработуваат и потпишуваат од раководните лица, односно директорот на установата. Министерството за култура сакајќи да излезе во пресрет за поефикасно утврдување на новите плати, а воедно и да даде унифициран акт подготви терк решение кое го доставивме до сите директори. Овие акти се носат од страна на директорите чија одговорност е утврдување на платите, а не на Министерството за култура. Заради брзина на процесот, како културните работници мартовските плати би ги добиле навреме Драфт- решението како помош од службите во Министерствотото за култура беше доставено до директорите за натамошно постапување, додаваат од Министерството.

Последен пат од 10% покачување на плата културните работници добија пред 6 месеци, во септември 2023 година, а во текот на цела 2023 година вкупно 21% покачување, по член 14 став 1 од Општиот колективен договор. Во изминатите 4 години, почнувајќи од 2020 година до септември 2023 кога беше последното покачување, платите на културните работници пораснале за 40%, а со последното покачување од март 2024 покачувањето ќе биде 52%.

Соња Танеска

Извор: Gradska.mk

Спонзорирано: