17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Рикер: Сите треба да преземат чекори за искореување на корупцијата, со „црната листа“ САД документира и покажува неприфатливо однесување

„Корупцијата е неприфатлива и што е најважно, неприфатливо е за граѓаните, тие се фрустрираат и не сум баш сигурен дека сите станаа за да се спротивстават и да кажат дека ова веќе нема да го трпиме. Тоа мора да биде колективна одлука и треба да се навратите на минатите искуства и во името на граѓаните да се побара, нешто што е вообичаено за една демократија, да има промена и сите треба да преземат чекори за искоренување на корупцијата“ рече дипломатот Филип Рикер во интервју за „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека прашањето за корупција е предизвик, затоа што е дел од човековата природа, било каде во светот, но верува дека земјата може да успее и да напредува во борбата против корупцијата.

„Процесот во САД, кога ќе се види некоја ситуација каде било во светот, е во согласност со нашите политики и закони да се применат санкции, всушност тоа е т.н. ‘црна листа’, при што успеавме да документираме и покажеме дека тоа влијаело на нашите политики и е неприфатливо за САД и тоа го правиме“ рече Рикер.

Поранешниот амбасадор рече дека со црната листа САД ги потенцира луегто што нанесуваат штета, а луѓето во земјава го користат тоа како сигнал.

„Најважно е што вие правите тука, какви одлуки носите, кого ќе повикате, на пример претставници на судството, на полициските служби да го применуваат законот и владеењето на правото како ’рбетот, не само на одржлива демократија, туку и на промовирањето силна економија, просперитет, можности, и тоа е клучно“ рече Рикер.