16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Минималната пензија во програмата на СДСМ ќе достигне 20 илјади денари

„Една од целите и задачите на партијата на пензионери е враќање на Членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да има усогласување. Во секој метод има недостатоци, најголем недостаток е минималната пензија која треба да се усогласи на 70% од минималната плата и токму затоа во програмата на СДСМ, на инсистирање на партијата на пензионери, минималната пензија да достигне 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Меѓутоа тие што со усогласувањето нема да достигнат 20.000 денари, државата ќе врши дополнување за да нема пензии под 20.000 денари“ рече Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека првпат во историјата на државата имало протести на пензионерите, пензионерите биле изманипулирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ заради стекнување на политички поени.

„За жал, поголем манипулатор од нив, се појави Јанко Бачев, со партијата Единствена Македонија. Сите во државата знаеме дека тоа е проруска партија, партија која е против Европската Унија, партија која е против НАТО и партија која организираше трибина во Континентал, а предавачот беше Дугин, идеологот на Путин. Партија чија иконографија е потполно иста со Единствена Русија и тие испаднаа поголеми ербапи од ВМРО-ДПМНЕ и ја преземаа иницијативата за протести. За среќа, пензионерите сфатија на време дека се изманипулирани затоа што оваа партија на Јанко Бачев овие денови почна да прави пензионерски листи и сфатија пензионерите дека се изманипулирани“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека првиот раскол се случил во Кавадарци, а овие денови почнале да се откажуваат и најверните на пензионираниот мајор Угриноски.