Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Недостатокот на работна сила пред се мора да го решиме со нашите луѓе, над 50% е потенцијалот кај жените кој што не е искористен

„Мораме полека да се отвориме и кон работна сила која што ќе доаѓа од регионот или пошироко затоа што има работни места кои што мора да се пополнат, но клучот е тоа дека мора да се реши недостатокот на сила со нашите луѓе во државата. Сега имаме стапка на невработеност од 12,6%. Сакаме да ја симнеме на 7%. Над 50% е потенцијалот кај жените кои што не е искористен затоа што тие не се дел од пазарот на труд и таму го гледаме решението. Тврдам дека за моите граѓани треба да има работа ама и достоинствени плати, “ рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој посочи дека има голема разлика дали еден денар е потрошен и се сметаат како трошок или еден денар задолжен се смета како инвестиција.

„Ние тврдиме дека во овие 7 години секој еден денар за кој што сме се задолжиле го имаме инвестирано. Каде? Во човечкиот капитал, кај луѓето. И следната програма на СДСМ се заснова на клучниот фактор, а тоа е човечкиот капитал,“порача Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК