Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Нашите деца треба да видат со што располага нашата земја, да го видат Кокино, Охрид, водопадите во струмичко, тоа државата треба да им го обезбеди

„Не може да има образование, во кое што вие секоја година на родителите им викате дека вашите деца бесплатно ќе се школуваат, ама дајте 5.000 денари за екскурзијата да го видат Кокино, не, Кокино мора да го видат нашите деца, за да видат со што располага оваа земја. Охрид мора да го видат нашите деца, за тоа што не може поинаку, оние не може да го видат Париз пред Кокино и пред Охрид. Мора да ги видат и водопадите во Струмичко, мора да видат бањски туризам, мора да видат се. За да кога ќе отидат во средно, да можат да видат што има во регионот и да видат што има во Европа, а не да можат да го осигурат само одредени родители, а што тие што не можат да си овозможат своите деца да отидат, затоа сметаме дека на секој еден наш ученик мора државата тоа да му го осигура. Ние тоа го предлагаме во новата програма на СДСМ,“ рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој посочи дека, имало доволно време за да се дојде до сознанието дека само ефикасен начин на искористување на јавните средства може да донесе да има уште поефикасен начин на трошење на истите.

Веќе сме во финални фази на подготовка на два система кои што ќе овозможат да се зголеми ефикасноста на управувањето со јавните средства, тоа ќе ослободи доволни приходи во буџетот кои што ќе можат да ги сервисираат овие потреби. Но јас морам да кажам дека сметам дека праксите во кои што навидум се е бесплатно, а потоа родителите треба да плаќаат за се во бесплатното образование треба да престане. Како што треба да престане на пример практиката дека имате бесплатно здравство ама имате 20% партиципација и тоа го укинуваме,“порача Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +