Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Ќе изградиме станови за сите самохрани родители вработени во одбраната и Армијата и за семејствата на загинатите

„Бидејќи градиме Армија на среќни луѓе и задоволни граѓани, градиме солидарна Армија, ќе изградиме станови за сите самохрани родители вработени во одбраната и Армијата, како и за членовите на семејствата на загинатите и починати припадници на безбедносните сили и вработени во одбраната кои немаат решено станбено прашање“ рече министерката за одбрана и носителка во ИЕ6, Славјанка Петровска на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека со цел да се обезбеди подобар баланс меѓу семејниот и професионалниот живот, за вработените во одбраната ќе се обезбеди грижа за нивните најмили преку организирање и екипирање на детски катчиња во касарните и другите објекти.

„Целосна реконструкција на воените камп во Свети Наум во Охрид и Стар Дојран каде секој вработен ќе добие право на бесплатно сместување за семеен одмор“ рече Петровска.

Таа додаде дека и Домот на Армијата ќе биде целосно реновинан и ќе добие лик на модерен, современ конгресен центар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК