Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Митрески: Неопходни се реформи во правосудството, место ќе има само за најквалитетните судии и обвинители

„Владеењето на правото е наш врвен приоритет. Реформите во правосудниот систем се неопходни, место ќе има само за најквалитетните судии и обвинители, кои ќе бидат професионалци со интегритет“ рече Претседателот на Собранието и носител на ИЕ5, Јован Митрески на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека членовите на Судскиот совет, од фелата на истакнатите правници ќе се бираат со јавен избор и ос учество на претставници од граѓанскиот сектор.

„Справувањето со корупцијата ќе го зајакнеме и преку дигиталната трансформација на општеството. Преку дигитализацијата ќе работиме и на зајакнување на целиот систем, со исклучување на субјективниот фактор во процесите. Дигитализацијата е процес кој нема алтернатива. Мора да бидеме во чекор со технолошкиот напредок, со цел да обезбедиме ефикасни, брзи и квалитетни услуги за граѓаните и деловните субјекти“ рече Митрески.

Тој додаде дека преку дигитализацијата ќе се подобри и квалитетот на административната служба, а со новата програма се предвидува и оптимизацијата на државната управа и намалувањето на бројот на управните одбори и нивните членови, како и намалување на институциите кои се поклопуваат во надлежностите со цел намалување на трошоците.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК