Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На овие избори Коалицијата за европска иднина ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија

„Мотивирани сме да чекориме цврсто по европскиот пат, да продолжиме напред, да не се откажеме, да не губиме надеж, да се осмелиме да веруваме во подобра иднина за граѓаните и државата и истата да ја обезбедиме. На овие избори, ќе победи идејата за подобра, европска иднина. На овие избори Коалицијата за европска иднина ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година.
Тој додаде дека јасниот план за европска иднина на СДСМ е претставен во изборната програма.
„Таа е обемна, детална, конкретна и содржи голем број мерки во сите области и за сите граѓани. Оваа програма е за сите – младите, пензионерите, земјоделците, бизнисите и работниците, лицата со попреченост, жените, мажите, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците – буквално сите кои живеат во нашата Македонија“, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК