16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: 180 милиони евра поддршка за домашните компании во следните четири години

„Во овие 4 години работевме за покачување на пензиите и за платите и на новата пресметка на истите кои гарантираат зголемување секоја година, без политичко пазарење. И во тоа успеавме, затоа што истовремено ги јакневме и домашните компании. Од целосно заборавени со 0 исплатена финасиска поддршка кон нив, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. А денеска кажувам, во следните 4 години, домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра“ рече вицепремиерот за економски прашања и коносител на листата во ИЕ2, Фатмир Биќи на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој кажа дека ова е дуплирање на финанската поддршка кон домашните компании од претходниот мандат и дека заедно со нив ќе продолжи да јакне домашната економија, со јавни инвестиции од 3,5 милиони евра.

„Дел од нив, секако вложени и во праведна енергетска транзиција, стабилност и енергетска независност. Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70%. Домашно производство од гас, чисти и обновливи извори. Кое никако, ама никако нема да биде од штетните мали хидроцентрали. За нив велиме засекогаш не, како и за сите фосилни технологии кои ни го загадуваат воздухот и почвата“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во новата програма на СДСМ исто така се работи и на целосно дигитализирани јавни услуги, затоа што само со навремена и успешна дигитализација може да се постигне посакуваниот развој.

„Во овој мандат, ќе ја воведеме електронската лична карта – МК – еID (македонска елентронска ај ди карта). Со неа ќе се намалат бирократските пречки. Граѓаните и граѓанките ќе добијат заштитени и дигитализирани лични податоци“ рече Битиќи.