23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

135 санкционирани возачи во Скопје, 57 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.