Во следните години ново големо покачување на платите на лекарите и на медицинските сестри, како и на специјалистите.
Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000, најави Венко Филипче, кој е кандидат на СДСМ и коалицијата и носител на листа во ИЕ4.
-Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бидат од 120.000 до 140.000 денари, а на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите, рече Филипче вчера на отворање на нов изборен штаб во Кавадарци.
Според него, со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе се подобрат услугите.