Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Албанската опозиција обвинува со Руско путинистичко сценарио

Следните измислици на албанската опозиција дека „ДУИ сака да предизвика криза по првиот круг на претседателските избори“ се копи-пејс клевети на ВМРО на Мицкоски.

Ако до вчера опозицијата се координираше со проруските центри, од денеска функционираат со заеднички изборен штаб, со што станаа алатка на проруските центри во земјава.

Убедени дека Бујар Османи ќе биде кандидатот кој ќе го помине првиот круг и всушност – претседател во доаѓање, албанската опозиција започнува кампања за да ја помогне кандидатката на ВМРО, Гордана Силјановска, континуирано клеветејќи го Бујар Османи и Европскиот фронт.

Тоа го докажаа неодамнешните изјави координирани со техничкиот министер за внатрешни работи на ВМРО, кој пред неколку дена побара засилено полициско присуство во Тетово и Гостивар, во обид да ги претстави Албанците како дестабилизирачки фактор.

Јавноста и опозицијата ги потсетуваме дека секогаш кога ДУИ организирала избори, тие се одржале демократски и биле прифатени од сите меѓународни тела.

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт на 24 април и 8 мај ќе ја забележи следната победа со +20 пратеници, со што ќе го продолжи патот на брзо членство во Европската Унија.

Воедно, апелираме до граѓаните да не станат плен на лажни вести, клевети и специјална руска хибридна војна која поттикнува меѓуетничка омраза и го загрозува евроинтегративниот пат на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК