Денеска (29.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна посета на Единицата за внатрешни работи Карпош , каде што оствари средби со раководството на оваа организациона единица во склоп на СВР Скопје, а во рамки на серијата посети низ Секторите за внатрешни работи низ државата, со цел увид во резултати и планирање на идните активности.
Фокусот на средбата беа претстојните двојни избори што ќе се одржат периодов за што дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев пред раководството на ЕВР Карпош констатираше дека МВР во рамки на своите надлежности од досегашните средби и разговори со раководствата низ Секторите е подготвено да обезбеди мирен, фер и демократски изборен процес како што беа претходните.
Притоа, тој ги сподели резултати за првото тримесечје од 2024 година.
„Бев информиран за резултатите во областа на криминалитетот каде во првото тримесечје од 2024 година безбедносната состојба на подрачјето може да се оцени како поволна со намалување на кривичните дела по службена должност од 40% . Од областа на криминалитетот на подрачјето на ЕВР Карпош според статистиката за горенаведениот период бележиме намалување за 30% во делот на кривичните дела од имотни деликти како што се тешките кражби, кражби и џепни кражби”, истакна Бојмацалиев, додавајќи дека раководството го информираше дека ова се најдобрите резултати во последните 10 години постигнати во 2023 година.
Во однос на условите за работа во оваа Единица, Бојмацалиев истакна дека станицата беше реконструирана во 2022 година во насока на создавање подобри услови за работа на полициските службеници, со вложени 21 милион денари обезбедени од Буџетот на МВР.
,,Динамично тргнавме во процесот на надминување на претходните, негативни состојби на овој план со јасно одредена цел – да воспоставиме модерни инфраструктурни стандарди на функционирање како на полициските службеници така и на нивните средства за работа, на објектите, и на нивната опременост„ рече Бојмацалиев при посетата на ЕВР Карпош.