Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК