Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Тој што заговара репреговарање на преговарачката рамка заговора отворање на потврдениот македонски јазик во ЕУ

„Лага е дека можеме да преговараме и да очекуваме подобри услови за нешто што веќе го имаме на маса: заштитен македонски јазик и идентитет. Тој што заговара репреговарање во суштина заговара отворање на потврдениот македонски јазик во ЕУ. Кому му пречи потврдениот македонски јазик и идентитет во ЕУ?“ запраша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека врз основа на Договорот од Преспа веќе се впишани идентитетот и јазикот во личната карта на ОН и други меѓународни организации.

„Кој што сака може да каже, но тоа што имаме е прифатена и усвоена од Бугарија и од цела ЕУ преговарачка рамка, со заштитен македонски јазик и идентитет“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека несериозно е да се порекне и „плукне“ на сето она што ЕУ и иЕК го направија за нас и за обезбедување почеток на преговорите.

„Ако така постапиме, ако порекнеме сѐ, на Бугарија ќе ѝ дадеме шанса дополнително да собира поени на македонското прашање кога веќе имаме чиста ситуација во нашиот македонски јазик и тоа за прв пат во историјата на нашите односи со Бугарија“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК