Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за „несовесно работење во службата”

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 25.03.2024 поднесе кривична пријава против три лица- полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик, затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство, соопшти МВР.

-Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“ и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тие наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ОТКРИВА КОЛКУ СЕ РЕЛИГИОЗНИ ГРАЃАНИТЕ – 86 отсто се сметаат за верници, довербата во верските институции расте

ДЕСК

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО ДЕЛЧЕВО – Увид во здравствениот дом и почетокот на реконструкцијата на спортската сала

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 22 СТЕПЕНИ, НО СО СИЛЕН ВЕТЕР – УХМР најавува дожд на запад и постепено разведрување

ДЕСК