Македонија денеска, сабота, 21 ноември, ќе има променливо време со повремени врнежи од дожд во утринските и раните претпладневни часови. Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите главно ќе бидат застапени во западните и североисточните делови, додека во текот на денот се очекува повеќе сонце и мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој на одделни места во западна Македонија повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Утринските температури ќе бидат пониски, а максималната дневна температура во најтоплите подрачја ќе достигне до 22 степени.
Во Скопје во раните утрински часови има услови за слаб дожд, а подоцна се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. За граѓаните што планираат патување во западниот дел на земјата особено е важно предупредувањето за засилен ветер.


