Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Стево Пендаровски ги прими учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ).

За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија. Соговорниците го информираа претседателот и за начинот на реализирање на програмата којашто се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена.

Во контекст на потребата од креирање одржливи младински политики, претседателот го нагласи придонесот на младите, со своето критичко размислување, како еден од клучните предуслови за демократизација и позитивни процеси во секое општество.

За време на престојот во Кабинетот, посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, претседателските активности и уставни надлежности.

Претходно, посетителите ги разгледаа просториите во коишто се одвиваат работните и официјалните средби на претседателот, прес-конференции, настани и свечености, како и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ дело на еден од најзначајните современи македонски уметници Глигор Чемерски.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК