14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Нова програма на СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во новата изборна програма, велат од партијата.

„Еден од клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија е европско образование, ао конкретни мерки и проекти за учениците.

СДСМ гарантира безбедност и сигурност за учениците.

Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта.

Предвиден е и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти.

Децата се нашата иднина!

Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.

Со СДСМ нема откажување од европскиот пат, нема откажување од иднината.“ – се вели во соопштението.