Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев на свечен настан по повод 4 годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Фејсбук:

Денеска присуствував на свечен настан по повод 4 годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата и Денот на Генералштаб на Армијата на Република Северна Македонија, а на покана од министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Особена е честа за мене да присуствувам на Денот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, бидејќи потекнувам од семејство на пензиониран полковник во Армијата, со силна посветеност кон вредностите на демократија кои се интегрирани во системот на колективна безбедност на НАТО.

И, токму членството во НАТО не беше само формално пристапување кон една организација – тоа претставуваше квантен скок напред кон безбедност, стабилност и просперитет за нашата земја и нашиот народ. Влезот во НАТО нè става под заштита на една од најмоќните безбедносни Алијанси во светот, што значи дека нашите граници и нашата сувереност се заштитени од надворешни влијанија.

Го отворивме патот за соработка со другите членки, што доведе до не само подобри можност за економски развој и интеграција во евроатлантската заедница, туку и го засили нашиот глас во меѓународната заедница.

Пристапувањето во НАТО беше одраз на нашата посветеност кон заедничките вредностите што ги споделуваме со другите членки – демократијата, правата на човекот и правната држава.
Ние сме дел од глобалната заедница што се бори за мир и стабилност.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК