Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена малолетничка од Тетовско, во неа удрил „голф“

Вчера во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „173“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф.И., удрило во малолетничка од тетовски Пирок, извести СВР Тетово.

„Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК