Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: НАТО членството не е само признание од другите членки, туку и пат кон подобра и посигурна иднина за сите нас

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Фејсбук:

Денеска присуствував на свечена седница на Владата на Република Северна Македонија, по повод 4 годишнина од НАТО членството, на покана од премиерот Таљат Џафери.
Ми претставува чест и задоволство што токму во оваа сала во Владата, кога ја извршував функцијата заменик-Шеф на Канцеларијата на поранешниот претседател на Владата Оливер Спасовски, имав можност да посведочам за овој историски настан за нас како држава и како народ – подигањето на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел, еднакви со сите други.
НАТО членството не е само признание од другите членки, туку и пат кон подобра и посигурна иднина за сите нас. Станувајќи дел од оваа најмоќна политичко-безбедносна Алијанса, напорите за заштита, напредок и просперитет станаа посигурни и постојани. А, граѓаните тоа најдобро го знаат, од денешна гледна точка, НАТО значи силна заштита за сите нас.
Следната цел е да бидеме дел од големото европско семејство. Уверен сум дека ќе успееме и во тоа.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК