19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вељаноски: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма

Игор Вељаноски, член на извршниот одбор на Либерално-демократската партија денеска од новата Отворена канцеларија на ЛДП на улица „Ленинова“ испрати порака дека идеите на ЛДП не само што се препознаени, туку се и пресликани во изборната програма на други политички опоненти, како ВМРО – ДПМНЕ.

„Ние, како Либерално-демократска партија, веруваме во вредностите и принципите за слобода, правда и еднаквост и сме посветени на подобрување на животот на граѓаните во нашата Македонија. Нашиот приоритет е да изградиме подобра Македонија за сите нас, преку иновативни политики и посветеност кон основните вредности на општеството“, истакна Вељаноски.

Како што посочи, борбата против корупцијата и заштитата на правата на граѓаните се од суштинско значење за нашата земја.

„Ги покануваме колегите од другите партии да одржиме заедничка сесија за разгледување на идеи и им упатуваме благодарност на граѓаните за нивната поддршка и доверба“, потенцираше Вељаноски.

Тој потсети дека главните приоритети на ЛДП се економијата, образованието, здравството, социјалната заштита, човековите права, правдата, спортот, културата и животната средина, порачувајќи дека тие се клучни сегменти на кои се фокусирани и преку кои со максимална посветеност ги негуваат основните вредности на општеството.

„Нашата заложба се квалитетни, стручни, но и одржливи институции. Затоа, ние се бориме за намалување на бројот на министерства и други органи, воведување на систем со 90 пратеници наместо досегашните 120, и воведување на една изборна единица со отворени листи за избор на пратеници и советници. Сметаме дека овие мерки ќе овозможат подобри и поодговорни претставници пред граѓаните, како и значителна финансиска заштеда“, заклучи тој.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК