Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка: Се судрија три возила – над 10 повредени, има и малолетници

На 24.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +