14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Пронајден починат маж под превртено возило, полицијата објави детали

На 24.03.2024 во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, велешко, констатирале смрт кај А.К.(73) од село Сујаклари, велешко.

Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.