Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Просечна пензија ќе биде 500 евра, ветува СДСМ

-СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, соопшти СДСМ.

„Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.

Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра.

Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.

Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.

Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%.

Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК