18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Минимална пензија 20.000 денари, а просечна 500 евра, ветува СДСМ во новата изборна програма

Во новата изборна програма, СДСМ ветува повисок животен стандард, европски плати и пензии.

Од партијата велат дека во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра.

„Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%. Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.“ – соопшти денеска СДСМ.

Дополнително со новата програма се предвидува мерка – новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, која би започнала од оваа година, доколку СДСМ повторно ја освои власта.

Претседателот на СДСМ во обраќањето на 28 Конгрес вети дека просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра, како и дека во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари.

-Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. Во изминатите седум години покажавме и докажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Уште поодлучни и попосветени, најавуваме кои ќе бидат главните столбови на нашата работа во наредните четири години.

—Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари.

—Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата – посочи Ковачевски во обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.