Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Преку Фондацијата Заев продолжуваме да помагаме во здравството и други области

„Ние како Фондација Заев и јас како одговорен за делот на јавно здравство помагаме да се едуцираат млади лекари, помагаме да се купи опрема и материјали таму каде што има потреба и каде што можеме да помогнеме. И тоа е практично континутет на тоа што го правев во Министерството“ – истакна Венко Филипче. Екс министерот за прв пат после две години зборува за политиките и прашањата во здравството откако вчера беше избран да биде носител на СДСМ и коалицијата во четвртата изборна единица.

Тој истакна дека со Зоран Заев делат исти вредности и преку фондацијата практично ја продолжува мисијата да им се помогне на луѓето. На прашањето какви се односите помеѓу Заев и Ковачевски, Филипче рече дека односите се одлични.

„Ако мислите на тие информации кои што излегуваа во јавност во изминатиот период, дозволете да кажам дека се во сферата на целосни шпекулации, дека тие имаат одлична релација, одлична соработка и дека апсолутно нема никакви проблеми во нивните релации“

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК